Свет

Медведев: Украина не е држава, а Зеленски не е претседател туку узурпатор

Медведев: Украина не е држава, а Зеленски не е претседател туку узурпатор

Поранешниот лидер на Русија, Дмитриј Медведев, денеска на Телеграм го објави одговорот на предлогот на поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, Украина да се приклучи на Алијансата без нејзините територии кои моментално се окупирани од Русија.

dobivaj vesti na viber

Медведев, кој сега ја извршува функцијата заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, тврди дека во суштина тоа е признание дека Крим и Донбас повеќе не се Украина.

– Не е лошо, но важно е да се продолжи понатаму. Мора да признаеме дека Одеса, Миколаив, Киев и практично се останато воопшто не е Украина – рече Медведев.

Тој вели дека има уште три чекори пред да се признае очигледното,  а за Зеленски кажа дека тој не е претседател, туку узурпатор, украинскиот јазик не е јазик, а Украина не е земја туку вештачки собрани територии, пренесува Гардијан.

„Затоа, Украина и без окупираните територии од Русија не може да биде примена во НАТО бидејќи не е држава“, образложи Медведев.

Оваа идеја дека Украина не е независна земја, туку е историски дел од Русија, веќе подолго време се повторува во реториката на руското раководство. Владимир Путин ова го кажа на самитот на НАТО во 2008 година и повторно во 2014 година кога ја оправда нелегалната анексија на Крим.

To Top