Република

Вработувања и во комисијата за хартии од вредност – плата од од 32.000 до 62.000 денари

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе вработува пет административни службеници преку оглас објавен од Агенцијата за администрација во петокот. Платата се движи од од 32.000 до 62.000 денари.

Од комисијата се правдаат дека последното вработување било во февруари 2015 година.Сппред нив работните места кои се предвидени во Систематизацијата на институцијата неколку години наназад. Дел од нив биле испразнети поради заминување на вработени од КХВ на други работни места во приватен сектор.

За експертите, и оваа влада како и претходната го прекрушува договорот да нема вработувања 3 месеци пред избори. Со ваквите огласи со кои се полни администрацијата власта сака да си обезбеди и успешни избори и победа на нив.

To Top
Close