Свет

(ФОТО) Хаос на улиците во Париз: Жолтите eлеци запалија воено антитерористичко возило

Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастане на социјалната мрежа Твитер објави дека е згрозен од тоа што „Жолтите елеци“ го запалиле военото антитерористичко возило за време на протестите во Париз.

Жолтите елеци вчера го запалија возилото пред Ајфеловата кула.

„Секој ден војска ги штити нашите сонародници од ризик од тероризам. Ваквите напади се недозволиви“, напиша Кастане.

Исто така француската полиција соопшти дека 31 демнострант е уапсен за време на вчерашните протести.

Еден од учесниците  при фрлање на експлозивна направа, нејасно е дали солзавец или шик бомба  си откинал 4 прсти на  раката.

Најчитани

To Top
Close