(Видео) Гужви за Лепа Брена во Скопје: „Кај нас човек полесно ќе извадиш да се слика и да земе гага хулахопки, него ли на протест“

Од
Објавено на

Гужва каква што ретко може да се затекне во Македонија, направи Лепа Брена промовирајќи хулахопки. За фотографии со нејзе се чекаа редици во трговскиот центар „Зебра“. Холот на трговскиот беше преполн со млади, но и возрасни кои се обидуваа да стигнат до Брена.
На социјалните мрежи, има и низа шеги, како и иронични коментари.
„Кај нас човек полесно ќе извадиш да се слика со Брена и да земе гага хулахопки, него ли на протест“, напиша новинарката Ивана Рамаданова.
Брена идаде свој бренд хулахопки, кој сега го промовира ширум Балканот. Мотив да го започне бизнисот со хулахопките и биле критиките на сметка на изгледот кои ги добивале жените повозрасни од 50 години.
