(Видео) Хаос во Собранието: Крмов фрлаше по потпретседателот Мисовски, го искрши компјутерот, па му се придружи Апасиев


Пратеникот од Левица Борислав Крмов, фрлаше амандмани врз потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, со барање да се прекине седницата. На него му се придружи и пратеникот Димитар Апасиев. Бараа да се прекине седницата бидејќи не им биле архивирани амандманите кои ги поднеле.
„Мора да ја прекинете седницата, овие се оригинали, немаат ни архивски број“, кажа Крмов и почна со фрлање на амандманите.
Претходно, собранискиот спикер Талат Џафери, ги „фрли“ во отпад 1.449 амандман поднесени од пратениците на Левица, а кои се однесуваат на измените на собранискиот Деловник.
„Поднесени се 2.640 амандмани, 1461 амандман се од Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Од кои 12 амандмани се уредни, останатите се неуредни“, констатираше Џафери.
Седницата е паузриана 30 минути.
Острата реакција на пратениците е Левица е бидејќи сметаат дека со новиот Деловник, опозицијата нема да има никаква улога во Собранието бидејќи законите експресно со европско знаменце ќе можат да се носат по скратени рокови.
Услов за да влеземе во Влада ќе биде вие да скапете во затвор – Апасиев му се обрати на Џафери
