Македонија

Тешко повреден возач на мопед, изгубил контрола и паднал на патот во Неготино

Тешко повреден возач на мопед, изгубил контрола и паднал на патот во Неготино

Синоќа, во 18.30 часот, во ОВР Неготино било пријавено дека на улицата Ставре Ставров во Неготино, Р. В. (57) од Неготино, управувајќи мопед „лонгија“, со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата Р. В. добил тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Неготино.

На почеток