Македонија

(Фото) Штекли објави фотографија од раните последица на куршумите, па напиша порака

Раде Трајковски – Штекли, во кого пред неполн месец беше пукано во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ на својот Инстаграм објави „стори“ со раните кој ги добил од куршумите.

Под фотографијата која ја сподели со јавноста напиша: „Благословен сум“, „Една од петте“ и „Бог ги сака храбрите“.

Досега, не се најдени лицата кои пукале, но и лицата кои нарачале пукање.

Штекли беше пукан вторпат во два месеци. Полицијата за првото пукање извести дека со автоматско оружје било пукано во автомобил во кој бил Раде Трајковски-Штекли со уште еден патник, но ниту еден куршум не ги погодил.

„Ист гејт“ во август уверуваше дека трговскиот е безбеден и дека се работи за изолиран инцидент, кој не е поврзан со општата безбедност на посетителите.

Штекли претходно се поврзуваше и со убиството на фудбалерот Мартин Јанушев. Беше во бегство во Србија и беше екстрадиран во Македонија, а за него полицијата има водено неколку постапки.

На почеток