Македонија

Поранешен вработен во ЕВН си ја отвори душата: Откривме над 100 кражби на струја, – ни наредија да не ги пријавиме

“2013 кога работев у ЕВН бев 60 дена во реон Арачиново, пластичарска и Бит пазар у Скопје. Шо да ви кажам анархија како на ниедно место, струја никаде не се плаќа, кражби на струја а загубите 65%, напиша на својот фејсбук профил бивш вработен во ЕВН.

Во продолжение, тој објаснува:

Требаше да дислоцираме броила надвор од куките. Им беше обеќано на албанците дека ако дозволат дислокација 2 години нема да им исклучуваат струја за застарени сметки.

При Работата открив преку 100 кражби на струја, но не смеевме да ги пријавиме зошто така ни беше наредено, само дислокација другото да не не интересирало. Они како шо знам пак си терале по исто до 2015. Пробаат да им исклучат албанците струја во тие реони, а тие им кршат сите надворешни ормари.
ЕВН бара од државата помош за да им обезбеди да стопанисуваат бидејки државата е должна тоа да го обезбеди. И од немоќ државата и дава на ЕВН 14% признаени загуби низ водови, кои у нормалниот свет се 8%. Таа разлика од 6% ЕВН си ја користи а у исто време пак се насобираат за наплата сметки и таа си ги фактурира и лежат како ненаплатени долгови. 6% плаќаат Елем и Мепсо, односно ние граѓаните, па сега вие донесете заклучоци.”

Нешто што го знаеме сите, освен Владините коалиции … т.е. знаат ама…

"2013 кога работев у ЕВН бев 60 дена во реон Арачиново, пластичарска и Бит пазар у Скопје. Шо да ви кажам анархија како…

Posted by Boris Kaeski on Sunday, February 3, 2019

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток