Република

Груевски: Ниту еден министер од СДСМ немаше да остане слободен ако сакавме да апсиме

Во врска со четворица поранешни министри и заменици за земјоделие кои беа приведени Груевски изјави дека тие не може да знаат се бидејќи министерството има договор со илјадници земјоделци.

„Слушнав дека се уапсени заради тоа што некои земјоделци не ја плаќале кирија за земјиштето. Не знам зошто не им ја наплатат. Зошто ги става министрите во затвор? Министерството има договор со илјадници земјоделци, и не може министерот да знае се.

Кога дојдвме во владата, ако сакавме да апсиме немаше ниту еден министер СДСМ да остане слободен. Зошто да апсите некој кој не знае за нешто, тоа се огронми министерства не можат тие да знаат за се“, изјави Груевски.

Најчитани

To Top
Close