Свет

Рација во дискотеки во Урошевац – пронајдени и запленети над 220 килограми марихуана

Пет лица се уапсени, во рации во неколку барови во Урошевац, соопштија косовската полиција и Обвинителството во градот.

При рацијата биле пронајдени и запленети 220 килограми опојни супстанции, за која се сомнева дека потекнува од Албанија.

Акцијата се спровела по неколкумесечна истрага.

Уапсените лица, три од Албанија и две од Косово, кои се сомничат дека припаѓаат на добро организирана група и се обвинети за кривично дело неовластено купување, поседување, дистрибуција и продажба на опојни дроги и психотропни супстанции.
Се претпоставува дека запленетата количина марихуана била наменета за дистрибуција надвор од Косово.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток