Република

Денес врнежи од дожд и ветер до 80 километри на час, од утре снег

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, преку денот со засилен јужен ветер особено во западните делови, каде ќе достигнува брзина и до 80км/час. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои на места ќе бидат и поројни. Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен. Температурата ќе се движи од 7 до 16 степени.

Во Скопје слично време со температура од -1 до 13 степени.

Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и во местата над 600 м.н.в. Под влијание на многу студен бран од север од утре следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.

To Top
Close