(Видео) Воздухот не е загаден, изгорел магацин, а немало ниту 100 тона бои и лакови – Ангелов за состојбата во Тетово
Од
Објавено на
Не изгореле 100 тона на боли и лакови во Тетово, тврди денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Тој вели дека вчера, сопственикот на објектот бил вознемирен, па не дал точни информации. Всушност, не станува збор за фабрика, туку магацин.
„Количината бои и лакови била помала, неколку тона. Овој магацин, половина е железарија. Непотребна е паниката која вчера се создаде. Иако факт е дека изгоре количина на хемиски средства. Врнеше дожд, но дуваше и северен ветер. Во Тетово, ПМ честиците се во нормална граница. Не важат мерките, граѓаните нека бидат спокојни“, кажа Ангелов.
Штетата од чадот нанесен на почвата, ќе се испитува.