Република

На Груевски му е гајле за притворите на Божиновски и Јанакиески: Не чуствувам вина

Во интервју за Инфомакс, на прашањето дали чувствува вина поради тоа што во моментот кога замина од Македонија, неговите поранешни соработници беа пpитвopени, Никола Груевски одговори дека тој не чувствува вина.

„Тие треба да ја чувствуваат вината , јас ја чувствувам горчината што сум дел од ова време во кое што во мојата држава, во која што живеев, работев и правев се да оди напред, дојде марионетска власт која што освен што направи крупни негативни работи за македонскиот национален идентитет, име итн. безмилосно се пресметува со политичките неистомисленици како што не се случило од 50-тите години на минатиот век“, вели Груевски.

To Top
Close