Скопје

Скопјанец возејки мопед изгубил контрола и паднал на коловозот

На 10.02.2019 година во 11.30 часот на крстосница од улиците „Архитект Никола Добровиќ“  и ул. „Христо Татарчев“ во Скопје, мопед „Гилера сталкер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(38) од Скопје, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил С.И. кој бил пренесен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“.  Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток