Скопје

Багерите на полноќ почнаа со копање кај Мајчин дом (видео)

Жителите на скопската општина Аеродром од полноќ на социјалните мрежи постираат фотографии и видеа од багери кои ноќеска почнале да копаат на парцелата кај Мајчин дом, каде се планира голем станбено-деловен објект.

Револтот на граѓаните е насочен кон градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, кој за време на кампањата за локалните избори бараше неговиот претходник да го повлече планот за изградба на овој објект, а сега самиот го дозволил. Жителите за денеска во 17 часот најавија протест и бараат оставка од Марин за неисполнетите ветување.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток