Магазин

Харадинај: Дуа Липа докажа дека со талент се преминуваат сите граници

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, ѝ честита на пејачката по потекло од Косово, Дуа Липа, за освоените две награди „Греми“.

Тој на „Фејсбук“ напиша дека Дуа уште еднаш докажала дека со работа и талент се преминуваат сите граници.

„Честитки, Дуа! Косово е среќно што во светот се претставува со твоето име“, напиша Харадинај.

Дуа Липа освои „Греми“ за најдобар млад уметник и за најдобра песна за нумерата „Електрисити“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток