Магазин

Роман за предвоените Евреи на македонски јазик

Романот „Романса во малото гратче“, своевиден реквием за предвоените Евреи, деновиве излезе од печат во издание на „Прозарт Медиа“.

Автобиорафскиот роман, сметан за ремек-дело на авторот, е сместен во мало местенце во Литванија во пресрет на Втората светска војна, родно место на писателот Григориј Канович, познат како еден од најважните еврејски автори на нашето време.

Воден од споменот на неговата сакана мајка, маестралниот раскажувач нè шета низ средината на својот семеен свет, рекреирајќи го минатото кое е неповратно уништено. Канович живо се сеќава на неговото родно место, на политичката криза од 1930-тите, на богатите трговци и чистачи на чевли, луѓето, озборувањата… Секако, тој го следи и растечкиот страв од нацистите, руската инвазија, политичкиот прогон и апсењата и прогонетите, што ја обликуваа нацијата.
„Романса во малото гратче“ e роман полн со нежна наклоност, мека иронија и остри забелешки.

Преводот од руски јазик е на Обухова Елена Сергеевна и Никола Шуканов

Писателот Канович го преживеал холокаустот речиси по чудо. Сега, тој е познат и ценет како чувар на колективното сеќавање на генерациите литвански Евреи и врвен прозен мајстор.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток