Македонија

Mаж прегазен со камион при градежни работи

Четириесет и тригодишен маж е прегазен со камион при изведување градежни работи во Куманово. Според полицијата, вчера околу 14 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Бајрам Шабани“, каде се изведувале градежни работи за поставување на бекатон плочки, Џ.Ј. (46) од село Липково-Кумановско, движејќи се наназад со товарно моторно возило „мерцедес“ го прегазил Ќ.А.(43) од село Отља.

Тој од здобиените повреди починал на местото на настанот. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток