Скопје

Само 16 од 138 палми во Скопје ја преживеаа зимата

Во интервју за 24инфо директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Адријан Муча изјави дека од засадените 138 палми во Скопје, во моментот се останати само 16.

„Во моментот се останати уште 16 палми коишто се наоѓаат на кејот на Вардар. Како јавно претпријатие во соработка со Град Скопје, низ секоја зелена површина ќе засадиме цвеќиња и дрвја коишто ќе можат да се адаптираат на климатските промени и на нашето поднебје“, изјави Муча.

Набавката на 1.100-те палми во Македонија чинеше околу половина милион евра. Како дополнителен трошок, тие лете беа туширани со специјални прскалки, а зиме беа облекувани во чоја и најлони. Градските власти велеа и дека издржуваат температури и под минус 15 степени..

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток