Република

СДСМ: Република Северна Македонија живее нова ера на слободно и демократско општество на рамноправни граѓани

Кревањето на знамето на НАТО заедно со нашето ја одредува иднината на нашите поколенија. И тоа не само како симболика туку како реалност, велат од СДСМ.

„Новата страница на сигурна и стабилна иднина е завртена, ние сме НАТО, нацијата се гордее со историскиот успех.

Нашата татковина која наскоро ќе биде Република Северна Македонија живее нова еран а слободно, демократско и напредоноопштество на рамноправни граѓани.

Само ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Мицкоски остануваат заглавени во антизападната матрица и не можат да се помират со остварувањето на стратешкиот интерес – членство во НАТО

Република Северна Македонија станува 30 земја членка на НАТО, ВМРО-ДПМНЕ останува изолирана во својата антизападна матрица на деструкција и блокади“, се вели во соопштението.

To Top
Close