Свет

Нападнат снимател на Би-Би-Си за време на митингот на Трамп

Симпатизер на американскиот претседател Доналд Трамп го нападна снимателот на британскиот јавен сервис Би-би-си Рон Скеанс на митинг во Ел Пасо во Тексас.

Тој носел капа со слоганот на Трамповата политика „Да ја направиме Америка повторно голема“, напаѓачот ги пцуел и другите новинарски екипи кои биле таму пред да биде исфрлен.

Туркањето, според Скеанс, дошло од неговиот мртов агол. „Не знаев што ќе се случи“, изјави тој.

Претседателот Трамп го видел нападот и со кренати палци се обидел да праша дали е сѐ во ред.

Скеанс со истиот гест му одговорил дека е во ред, по што Трамп продолжил со говорот.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток