Свет

Обид за увоз на повеќе од 10 000 килограми мандарини кои имале зголемено писуство на пестициди

Фитосанитарната инспекција на Република Српска забранила увоз на 10 400 килограми мандари со потекло од Турција поради зголеменото присуство на пестициди.

Забраната е донесена за време на редовниот преглед на храната при увозот, пренесувa RTRS.

„Според податоците од лабараториската анализа, во анализираните примероци од мандарина утврдено е присуство на пестицидот фенвалерат, кој бил над пропишаните вредности“, се наведува во соопштението.

Исто така увозникот побарал уште една анализа која е направена во Србија. Со истата е потврдено зголемено писуство на песдицидот, со што е донесено решение со кое е наредено нивно враќање или уништување под надзор на надлежен инспектор.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток