Свет

Трагедија: Се самоуби 12 годишно дете во Србија, оставил писмо до родителите

Трагедија го потресе регионов. Вчера, 12-годишно дете од едно село во јужна Србија извршило самоубиство, пукајќи си во уста со пиштолот на својот татко. Покрај неговото безживотно тело е пронајдено и проштално писмо упатено до родителите, како и 15 евра.

Лекарите не можеле ништо да направат.

Српските медиуми пишуваат дека детето било шесто одделение, а пиштолот го земало од заклучена фиока каде бил.

Како што информира Курир.рс до телото на детето имало и проштално писмо во кое пишувало:

„Не можам веќе да поднесам критики поради лошите оцени. Сега веќе нема да има кој да критикувате. Се надевам дека детето кое мама ќе го роди ќе биде подобро од мене, се надевам дека тоа ќе ве усреќи. Немам ништо да ви оставам освен заштедата од 15 евра“, напишал Никола.
Семејството има уште едно дете, помлада сестра.

Соседите велат семејството е добро и културно и ништо не укажувало дека ќе се случи ваков трагичен настан.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток