Спорт

(Видео) ЛА Лејкерс го освоија НБА купот – МВП трофејот за Леброн Џејмс

(Видео) ЛА Лејкерс го освоија НБА купот – МВП трофејот за Леброн Џејмс

Foto/ EPA

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го освоија првиот трофеј во НБА Купот, откако во финалето на новото натпреварување ја совладаа Индијана со 123:109.

Ветераните Леброн Џејмс и Ентони Дејвис ги предводеа „езерџиите“ до победата.

Ентони Дејвис блескаше со 41 поен, 20 скока и пет асистенции, а на теренот мина 40 минути.

Џејмс оствари дабл-дабл учинок со 24 поени и 11 скока, а имаше и четири загубени топки. Остин Ривс постигна 28, а Расел 13 поени.

За Пејсерси, Халибартон постигна 20 поени и 11 асистенции.

Леброн Џејмс е прогласен за најкорисен играч на НБА Купот. Тој ги водеше Лејкерси и на претходните два натпревари , постигна 30 поени против Њу Орлеанс Пеликанс и 31 поен против Феникс.

Леброн просечно бележеше 26,4 поени, осум скока и седум асистенции по меч во новото натпреварување.

Макфакс

На почеток