Македонија

Без најава се правеле проверките за правата на осомничените во случајот за убиството на Вања, Народниот правобранител смета дека не ја попречува истрагата

Истрагата не е попречена, проверките во затворите се редовни, не постапуваме селективно. Ова е ставот на Народниот правобранител, Насер Зибери, откако негов тим беше во затворот „Скопје“ во Шутка да види дали се почитуваат правата на притворениците осомничени во случајот „убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски“. Оттаму за „Скопје1“ посочуваат дека без најава извршиле проверки и разговори со притворените лица осомничени во постапката.

„Народниот правобранител-национален превентивен механизам има надлежност редовно да го испитува постапувањето кон лицата лишени од слобода и да дава препораки на релевентните органи со цел подбрување на постапувањето и условите во местата за лишување од слобода. Прземемањето на овие дејствија е континуитет во работата на народниот правобранител и тоа како по поединечни преставки, така и по сопствена иницијатива. Притоа Народниот правобранител воопшто не постапува селективно и нееднакво и без никакво влијание од страна, посебно што станува збор за сензитивна група на лица ( лишени од слобода) и што институцијата е едниствената која има вакви надлежности. При својата работа народниот правобранител во ниту еден сегмент не ја попречува истрагата што кон овие лица ја водат надлежните органи, ниту пак ја прејудицира нивната одговорност /неоодговорнсот за делата кои им се ставаат на товар“, велат од Канцеларијата на Народниот правобранител за „Скопје1“.

Тие тврдат дека преземаат мерки при секоја пријава или по допрен глас.

„Неспорен е заклучокот дека народниот правобранител во никој случај при преземањето на неговите дејствија не се раководи од тоа дали лицата на кои им е ограничена слободата на движење се познати на јавноста.Впрочем и Годишните извештаи на народниот правобранител во делот казнено-поправни и воспитно поправни установи, како и на Националниот превентивен механизма се темелат на утврдени состојби согласно овие континуирани посети. Во овој сегмент воопштно не е спорно дека народниот правобанител за превемање на вакви декствја во изминатиот временски период повод му биле, покрај барањата на адвокатите или блиските лица лишени од слобода и информациите објавени во јавноста“, додаваат оттаму за „Скопје1“.

Како што веќе објавивме, од утрово, тим на Народниот правобранител е во затворот „Скопје“ во Шутка. Целта била да се утврди дали се почитуваат правата на притворените лица кои се осум дена во притвор.

Народниот правобранител во затворот во Шутка, проверува дали им се почитуваат правата на осомничените за убиствата на Вања и Панче

На почеток