Македонија

(ФОТО) Неофицијално две жртви и 30 тина повредени во несреќата на автопатот Скопје – Тетово

Според првичните неофицијални информации во несреќата која се случи попладнево на автопатот Скопје – Тетово, има двајца загинати и над 30 тина повредени кои со возила на брза помош се пренесуваат во болниците во Скопје. На лице место има и противпожарни екипи кои помагаат во извлекување на повредените. Болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.

Несреќата се случи во близина на месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово.

Министерот Венко Филипче и медицински тимови од Здравствен дом Скопје, приватните болници Неуромедика и Систина се упатиле на местото на несреќата.

По тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на автопатот Тетово-Скопје, веднаш се упатив на лице место….

Posted by Венко Филипче on Wednesday, February 13, 2019

 

Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

Наскоро повеќе…

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток