сре. Апр 8th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ОБНОВЕНО)Неофицијално 6 жртви и многу повредени во несреќата на автопатот Скопје – Тетово

Шест патници загинаа во автобуската несреќа на излез од Скопје кон Тетово, според првичните неофицијални информации. Само во болницата „8 Септември“ досега се пренесени 35 повредени.

Кон местото на несреќата се пуштени се сите амбулантни возила со кои располагаат државните здравствени установи, а помош понудија и приватните болници.

„Примени се 35 пациенти до овој момент. Од нив 4 се мртви и еден во интензивна нега му се прави реанимација. Сите други лице се вон животна опасност“, истакна директорот на градската општа болница 8 септември, Христијан Костов, во изјава за А1 ОН.МК.
Директорот за порталот додава дека сите екипи се мобилизирани, операционите сали се подготвени. Болницата е подготвена да ги прими поврденте.

Причините за несреќата не се познати. Според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел во провалијата.

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ:

Патнички автобус со 50-тина патници попладнево околу 17 часот излетал и се превртел од кај село Ласкарци на излезот од Скопје, движејќи се по новиот пат кон село Бојане.