Од Градската општа болница „8 Септември“ информираат дека возачот на автобусот кој излета од патот Скопје-Тетово и се преврте 49-годишниот М.Т. од Гостивар имал телесни повреди, но се наоѓал во стабилна здравствена состојба по што е пуштен на домашно лекување.
Од МВР вчера потврдија дека истражните органи извршиле разговор со него, но се уште не се познати причините за несреќата. Од јавното обвинителство велат дека увидот е во тек и дека со соопштение ќе излезат во текот на денот.