Свет

(ФОТО) Инцидент во Албанскиот прламент пред очите на Џафери – пратеник истури боја врз премиерот Еди Рама

Пратеникот од редовите на опозициската Демократска партија, Еди Палока, кој воедно и партиски потпретседател, денеска во албанскиот Парламент, истурајќи боја врз премиерот Еди Рама. Инцидентот се случил пред очите на претседателот на македонскот парламент Талат Џафери, кој присуствува на седницата.

По барање на спикерот Грамоз Ручи, припадници на Националната гарда, кои се грижат за обезбедувањето, го отстранија Палока од собранската сала.
Доплнително на Палока му е одредена казна за десетдневна забрана за влез во Парламентот.

Инцидентот следуваше откако премиерот Рама, му се обрати на лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој повеќе зборуваше за „криминалот на Владата“ отколку за ратификација на Протоколот за членство на Македонја во НАТО, велејќи дека „детето не знае што прави и што зборува“ и оти не е момент за тоа, ниту поради трагедијата кај Карпалак, ниту поради значењето на точката на дневниот ред.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток