Македонија

Мицкоски во посета на повредените: Македонија е во црно поради страшната несреќа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека бил во посета на повредените од вчерашната несреќа.

„Штотуку бев во посета на повредените од страшната сообраќајна несреќа во Градската општа болница 8-ми Септември.

Им посакав побрзо закрепнување и враќање во секојдневниот живот кај нивните најблиски, силна волја, утеха и надеж, нашите молитви се со нив.

Македонија е во црно поради страшната несреќа.

Голема е тагата за оние кои ги загубија животите. Слава им.

Бог да е со нивните семејства во овие тешки мигови“, стои во објавата на Фејсбук.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток