Македонија

На социјалните мрежи се изразува сочувство

Се открива идентитетот на починатите во автобуската несреќа. Иако официјално се уште не се споделени целосни информации, на социјалните мрежи, веќе се изразува сочуство.Досега во јавноста се објавени идентитетите на 4 од загинатите лица.

Деветнаесетгодишниот Онур Садику е еден од загинатите во превртениот автобус на Дурмо Турс, кој вчера излета од патот Скопје-Тетово. Погребот на момчето ќе се одржи денеска.

Меѓу загинатите е и Раметула Абдурахими.

Град Скопје објави дека настрадал и нивни вработен, колега и пријател Зоран Давидоски.

Во големата несреќа животот го загуби и Јовица Трпевски, кој настапуваше за вториот тим на Гостивар, воедно и син на пратеникот од редовите на СДСМ, Благојче Трпевски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток