Македонија

Зошто Мицкоски се среќавал со Палчо: Испраќаше навреди кон мојот постар син

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „360 степени“ просведочи дека имал средба со Љупчо Палевски-Палчо осомничен за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Мицковски кажа дека навредите биле насочени кон неговото семејство, односно неговиот повозрасен син.

„Јас сум имал средби со многу луѓе. Тоа е мојата работа. Сум имал средба пред 4-5 години, и нормално е да имам таква средба со секој еден што во јавноста испраќа политички пораки. Конкретно, не беа политички пораки туку навреди кон мене, конкретно кон мојот постар син. На таа средба и на средби со многу други личности кои испраќале политички пораки – прашањето беше зошто и кои се аргументите да ги чујам. Не чув аргумент. Напротив, стигна барање ВМРО-ДПМНЕ да помогне во собирање граѓански потписи, за да лицето регистрира политичка партија“, кажа Мицкоски во интервјуто.

Тој тврди дека Палчо немал помош од ВМРО-ДПМНЕ при формирање на партијата „Десна“, регистрирана со собрани потписи.

„Нормално дека не му помогнавме. Но сведоци сме дека по 3-4 години, тој формира политичка партија, под името ‘Десна’. Е сега прашање е кој му помогна. Јавноста и ние во политиката точно знаеме“, додаде Мицкоски.

Објасни и дека го осудил претепувањето на Палевски-Палчо, бидејќи, како што објасни: „Апсолутно, насилство не е прифатливо за мене. Насилството не е алатка која треба да ја користиме“.

На почеток