fbpx
чет. Јан 21st, 2021

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Уапсени четири лица поради уривањето на станбена зграда во Истанбул

Турските власти приведоа четири лица поради уривањето на станбена зграда во Истанбул, при што загинаа 21 лице.

Осомничените се проект-менаџерот Сузан Чаир, шефот на надзор на изградбата на зградата Угур Мисирлиоглу, градежниот инспектор Арзу Келеш Боран и инженерот Осман Мисирлиоглу. Тие се обвинети за „убиство од небрежност“.

Во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул, пред две седмици се урна осумкатница, додека во неа имало 30 станари, од вкупно 43. Причината за уривањето сè уште не е позната.

Напишете коментар