пон. Апр 6th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Техничкиот преглед на автобусите од „Дурмо турс“, се вршел во АМ здружение Гостивар – сопственост на истите газди

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед на возилата. Компанијата ги праќала автобусите во Авто – мото здружение Гостивар кое е во сопственост на истите газди.

Според Државниот инспекторат за транспорт и врски велат дека компанијата уредно поседувала 4 лиценци за превоз, 2 за внатрешен и 2 за надворешен транспорт. Овие лиценци имаат рок на траење од 5 години, а техничките прегледи се вршеле два пати годишно.

Основното јавно обвинителство Скопје кое ја води истрагата за оваа несреќа нареди со вештачење да се провери техничката исправност на автобусот.

Во несреќата која се случи завчера загинаа 14 луѓе, над 30 се повредени од кои десетина потешко.

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ: