Македонија

Силјановска Давкова: Уставниот суд е орган кој што има надлежност да каже дали некој закон ќе се укине или поништи

Не постои стекнато право на неуставен начин. Значи јас направив една уставно правна анализа на овој закон низ призма на Рамковниот договор, низ призма на Уставот, но исто така и низ призма на двата најважни документи, европски, на кои и во Рамковниот договор се упатува, а тоа се Конвенцијата за регионални и малцински јазици и Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, истакна професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во интервју дадено за вестите на Сител телевизија.

Силјановска Давкова истакна дека Уставниот суд е тој кој што кажува дали нешто е уставно или неуставно, односно тој е орган кој што има надлежност да каже дали некој закон ќе се укине или поништи.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток