Македонија

Јоци: Силјановска го возврати ударот на ропачкиот дел од популацијата – со стил

Ми се свиѓа изјавава.
Силјановска го возврати ударот на ропачкиот дел од популацијата – со стил.
Мизогинијата, нападите за старост и изглед, не може никогаш да бидат оправдано политичко орудие. Се сложувале или не со нејзини ставови или со минатото политичко милје, напиша на својот фејсбук профил Јорданка Иваноска Јоци.

Таа додава:

Политичката кампања за Претседател на Македонија, Силјановска, ја почнува со стилска одбрана од машки шовинисти и грубијани. Не можеше подобра реклама да и` направат.

Туку, за оние кои не ја познаваат, т.е не биле нејзини студенти, таа во 90-те, беше права дама. Имено, и уште е дама.

Се сеќавам кога одговарав по предметот ,,Политички систем”, читав од листот брзо за да изгуби концентрација и да не ме слуша. Некаде 1997. Гледаше низ прозорец додека читав, и на крај ми рече – ,,Колешке, нешто многу ви се брза на вас ?”. И ми даде уште едно прашање. Јбг, излезе пола саат слушала се` 😃, напиша Јоци на ФБ.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток