Свет

Мицотакис добил закана со бомба од непознат маж

Лидерот на опозициската Нова Демократија во Грција, Киријакос Мицотакис, пријавил синоќа закана со бомба која ја добил додека сѐ уште бил во својата канцеларија, во центарот на Атина.

Повикот при којшто непознат маж му се заканил дека ќе активира бомба во рок од 47 минути, бил примен во 18.45 часот, по што била повикана полицијата која ја евакуирала зградата, пренесе грчката новинска агенција „АНА“.

Експертите за експлозив ја пребарале зградата, но не нашле екслозивна направа.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток