Македонија

Пропадна закажаната средба Заев – Села, Лидерот на Алијансата за Албанците е лут на премиерот

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ја одбил поканата на премиерот и прв човек на СДСМ, Зоран Заев, за средба околу можниот заеднички претседателски кандидат.
Лидерот на Алијанса за Албанците се налутил поради одземањето на ингеренциите на неговиот сопартиец, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во делот на образованието.

Заев вели има простор за нова средба со Села. Меѓупартиските консултации ги продолжува за заеднички кандидат за претседател ги продолжува утре со лидерот на Беса.

„Го сфаќам револтот, драго ми е што се слушнавме со Зијадин Села и веројатно ќе најдеме друг начин на комуникација која што ќе конвергира кон оваа важна одлука за државата. Останувам оптимист. Неможам да кажам дали сум сигурен заради тоа што допрва следуваат одлуки на органи и тела на политичките субјекти со кои се сретнав и со кои ќе се среќавам, изјави Заев.

Неофицијално на досегашните средби се спомнуваат имињата Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Стево Пендаровски, Никола Димитров и Рената Десковска, како можни кандидати за претседател.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток