Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта

Ако СДСМ продолжи со ова темпо да ги вработува ќерките, синовите, браќата, мајките, тетките, стрините и останатите роднини, на високи позиции во државната администрација, просечната плата веројатно ќе продолжи да расте, но право пропорционално со тоа ќе осиромашуваат граѓаните и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта, за сите други паѓаат.

Трошоците за живот од месец во месец се се повисоки, а граѓаните тоа го чувствуваат по нивниот џеб. Над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, а власта ништо не презема.

Државата оди кон дното, власта само во последната година задолжи нови скоро половина милијарда евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации. Со тоа јавниот долг надмина 50%.

Заев и Тевдовски ја доведуваат под знак прашалник состојбата на државата да може навремено да го сервисира долгот.

Во услови кога министерството за финансии рапидно ја задолжува државата, нивото на капитални инвестиции минатата година беше 65%, што е историско најниско ниво на реализација.

Тевдовски се покажа како најнеуспешен министер за финансии. Тевдовски спроведува катастрофална финансиска политика, а ефектите од истата ќе се чувствуваат и по години од сега“, се вели во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток