Македонија

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов кој ќе работи против ЕУ и НАТО, Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз

Антизападниот Христијан Мицкоскки нема капацитет да разбере што значи демоктатска процедура за избор на кандидат, исто како што нема претства што значи вистински претседателски кандидат зад кого ќе застанат граѓаните, велат од СДСМ.

„Затоа не му јасна демократската процедура во СДСМ, затоа не му е јасно зошто се прават широки консултации за избор на најсоодветен кандидат, кој ќе работи во интерес на граѓаните.

СДСМ, како одговорна и државотворан партија, во демократска, отворена постапка бира претседател на сите граѓани на Република Северна Македонија, а не партиски послушник како ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ можеа да видат уште една фарса од огласи, фарса од конвенција за на крај Мицкоски сам да си го избере својот послушник.

Веројатно затоа Мицкоски има кандидатка која сама наметнува дебата дали е кактус, фикус или нешто друго.

На Република Северна Македонија и нејзините граѓани не им е потребен партиски послушник кој како Мицкоски и Иванов ќе работи против НАТО, против ЕУ, против иднината и напредокот.

Потребен е вистински претседател, партнер на граѓаните, партнер на иднината, кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните сили и Владата во процесите кои значат напредок, иднина, економија, членство во НАТО и ЕУ.

Граѓаните нема дозволат нов Ѓорге Иванов. Мицкоски, Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ нека се подготват за пораз на претседателските избори“, се наведува во соопштението.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток