Некатегоризирани

30 дневен притвор за Спире Ристовски и Миле Јанакиески,Трајко Велјаноски има пратенички имунитет

Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески добија по 30 дневен притвор , откако ги дадоа своите искази во Кривичниот суд.
Мерката притвор, како што вечерва изјави адвокатот Еленко Миланов, им е определена заради опасност од бегство и влијание врз истрагата.

Миланов најави дека ќе поднесе жалба, особено за притворот на Јанакиески.

Покрај Јанакиески и Ристовски денеска во Кривичниот суд беше и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој кратко потоа си замина, повикувајќи се на пратеничкиот имунитет. Како недостапени, а осомничени се водат поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски.

Освен овие тројца, Обвинителството гони уште две лица како организатори на настаните од 27 април.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток