Некатегоризирани

Судот испрати барање за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски

Судот денеска го испратил барањето до Собранието за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, осомничен за организирање на настаните од 27 април, потврдија од судот.

Сега треба да се закаже седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, со која претседава Павле Богоевски и која што треба да донесе предлог-одлука за одземање на имунитетот на Вељаноски. По ова за барањето на судот треба да се одлучува на пленарна седница најдоцна во рок од три дена.

Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток