Македонија

Директорот на затворот во Шутка за инцидентот: Ќе бидат санкционирани извршителите

Денеска се случија два немили настани. Првиот се случил околу 13 часот за време на редовна прошетка, при  што дошло до вербална расправија помеѓу лицата С.Р. и Л.К., а потоа и до физичка пресметка која била прекината од страна на службите, изјави директорот на истражниот затвор Скопје, Ѓоко Котевски.

„Околу 13 часот и 45 се случил вториот немил настан во кој дошло до вербален инцидент меѓу М.Ј и Е.К. кој подоцна преминал во фризичка пресметка и истиот бил прекинат од страна на службите. За двата инциденти прибавени се изјави од сите очевидци и известен е надежниот суд.

По инцидентот С.Р. и М.Ј. се пренесени во домскиот лекар и пружена е соодветна грижа. Од страна на С.Р. не била побарана дополнителна медицинска помош, а лицето М.Ј. кое се пожалило на болки, веднаш е испратено во болницата 8-ми септември.

Затврот ги превзема сите активности извршителите да бидат санкионирани и во иднина ќе продолжи да постапува професионално. Нашата управа ќе започне истрага со цел да се испита дали е направен некој пропуст и ако е утврден од страна на затворската полиција или другите служби ќе биде покрената соодветна истрага и дисциплинска одговорност“, изјави Котевски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток