Свет

(Видео) Хоас на белградскиот аеродром – вонредни контроли откако и Македонци завршија на погрешна аеродромска капија

Поради грешка во задолжителниот проток на патници на аеродромскиот терминал, Министерството за внатрешни работи врши вонредна безбедносна контрола на објектот. Ова ќе доведе до потенцијални доцнења на летовите во вечерните и утринските бранови, но засега нема откажани летови, соопшти прес-службата на аеродромот.

Според неофицијалните информации, проблемот настанал при безбедносна проверка на патници, меѓу кои имало од Македонија, а кои по слетување влегле во автобус кој по грешка ги однел на погрешна аеродромска капија. Авионот полетал од Македонија, а слетал во Белград. Тие биле однесени во транзотна зона, а протоколот во вакви ситуации налага српско МВР да изврши вонредна контрола.

На социјалните мрежи се појавија видеа од аеродромот, на кои се гледа огромна гужва на аеродромот поради одложените летови.

Аеродромот „Никола Тесла“ излезе со соопштение на социјалната мрежа Инстаграм.

„Поради грешка во задолжителното движење на патниците на аеродромскиот терминал, МВР врши вонредна безбедносна контрола на објектот што ќе доведе до потенцијални доцнења на летовите во вечерните и утринските бранови. Сите аеродромски служби се во контакт со другите учесници во воздушниот сообраќај и преземаат се што е потребно за што поскоро нормализирање на сообраќајот. Им благодариме на патниците за разбирањето и ги советуваме да го следат распоредот на летови на beg.aero“, велат од аеродромот.

Во соопштението на Ер Србија се наведува и дека службите на оваа компанија прават се што е во нивна моќ сообраќајот да се одвива со што помалку отстапувања од планираниот распоред на летови.

„Ер Србија жали за какви било непријатности и им се заблагодарува на патниците за разбирањето. За патниците на летовите чие време на полетување е поместено за повеќе од два часа, српската национална авиокомпанија ќе обезбеди услуга, а компанијата ќе ги пренасочи сите оние кои ги загубиле врските на алтернативни летови“.

На почеток