Македонија

Костадинов: Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Мицкоски и Груевски

Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Мицкоски и Груевски. Тие очајно се обидуваат преку насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста од водечката улога од врвот на ВМРО-ДПМНЕ како осомничен организатори на настаните од 27 април, изјави Костадин Костадинов.

„Медиуми и интернет портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ пласираат голем број неточни вести како дел од ова сценарио. Однесувањето на Мицкоски  во болницата 8-ми септември е само уште една потврда за тоа, имајќи во предвид дека Миле Јанакиески немал никакви повреди, што е потврдено и со прегледот.

СДСМ осудува било какво насилство и го осудува инцидентот во Шутка. Благодарение на брзата реакција не успеа денешната провокација, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски. Очекуваме сите надлежни институции да го расчистат овој инцидент.

Насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее. Одговорност за нарачателите, организаторите и извршителите за крвавиот четврток мора да има“, вели Костадинов.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток