нед. Ное 17th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Заев: Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат уставните измени

Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените и заедно, исклучиво заедно да ја однесеме Македонија напред, порача денеска премиерот Зоран Заев на  седницата на собраниската Комисија за уставни измени на која на дневен ред е Предлогот за пристапување на измени на Уставот во согласност со Договорот од Преспа.

Заев, образложувајќи го предлогот на Владата, истакна дека од досегашниот увид и реакциите на јавноста нема ништо спорно во предлогот за уставни измени, што по одлуката на Владата веднаш беше објавен, повикувајќи ги пратениците да се обединат околу стратешките цели на земјата. За стручната и експертска јавност, рече тој, измените се согласно меѓународните стандарди.
– Оваа иницијатива се покренува во согласност со законите и институционалните постапки за уставни измени, рече Заев кој потенцираше дека пратениците се тие кои треба да ја одредат иднината на граѓаните кон НАТО и ЕУ и дека треба да се изјаснат по свое убедување и согласно волјата на граѓаните без да подлегнуваат на никаков притисок, рече Заев.
Со решението на спорот со Грција, посочи, изградено е пријателство меѓу двете земји, а надминат е и дведецениски спор со што земјата се извлекува од изолацијата и се отвораат евроатлантските перспективи.
– Вашата одлука ќе ја испрати во историјата времената референца ФИРОМ. Придобивката е бесценета – зајакнат идентитет и гаранција за безбедност, стабилност, гарантиран економски развој и просперитетна иднина на сите наши граѓани. Македонскиот идентитет е заштитен за век и векопв. Договорот предвидува потврда на македонскиот јазик во ОН – macedonian, без фусноти, признанен и прифатен и од нашиот јужен сосед Република Грција. Нашиот влог во компромисот е дефинирање на прецизирано македонско име за нашата држава, кое е достоинствено и географски прецизирано – Република Северна Македонија, рече Заев.
Потсети дека првите чекори се веќе направени со ратификацијата на Договорот во македонскиот Парламент и писмото кое следеше од грчка страна до Европскиот совет дека се отстранети пречките да добиеме датум за преговори, по што го добивме, како и поканата за членство во НАТО на самитот во јули.
– Во јануари не очекува столчето во Советот на НАТО веднаш откако ќе го потпишеме пристапниот протокол. За да го потпишеме ни треба спроведување на иницијативата за уставни измени во Собранието. Со тоа ќе ја оствариме една од највисоките стратешки цели на Македонија од независноста и ќе води кон наше членество во ЕУ, рече Заев.
Ова прашање, рече, не е лесно но на него се препознава лидерството и порача дека интеграцијата во НАТО и ЕУ не може да биде попречена од каква било закана или обид за заплашувања, поткуп и сл.
– Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените и заедно, исклучиво заедно да ја однесеме Македонија напред. Сега е време да ја потврдиме заедно одлуката од 1993 година според која членството во ЕУ и НАТО се наши заеднички и врвни стратешки прироритети. сега е време да се ефектуира декларацијата за члнество во НАТО што ова Собрание ја донесе во јули, годинава, со која пратениците покажаа дека е тоа врвен надпартиски интерес и дека за тоа прашање постои највисок граѓански и меѓуетнички и политички консензус. Сега сите пратеници без оглед на која партијата и припаѓаат имаат историска должност и обврска пред граѓаните да го обезбедат патот кон ставбилност безбедност и економски проспритет а тоа е патот кон ЕУ и НАТО кој води преку македонско-грчкиот договор, рече премиерот Заев.
Македонија нема веќе генерации за губење, истакна премиерот и ги повика пратениците да се одважат, да го следат интересот на граѓаните и да ја прифатат историската можност, односно да донесат силна одлука што ќе ја поведа земјата напред.
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close