„Изјавувам дека немам мандат ниту намера да учествувам во обидите за менување на Уставот. До сега сами го водевте процесот кој народот го запечати со референдумски неуспех. Продолжете во благопријатна атмосфера, но знајте дека немате двотретинско мнозинство за менување на Уставот“, рече Вељаноски.
Според него, Договорот со Грција бил штетен, нелегален и противуставен и бил склучен во тесен владин круг, без да се вклучат опозицијата и експертите, а не е потпишан ниту од претседателот на државата. Вељаноски додаде дека граѓаните на референдумот го отфрлиле договорот.
„Се случи 30 септември кога со пасивност и неизлегување народот ја победи пропагандата на власта. Тоа е императив, задолжителна обврска за Собранието и за сите. Немаме мандат да ја менуваме одлуката на народот. Немаме намера да учествуваме во обидот за менување на Уставот“, изјави Вељаноски.
Другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ останаа во салата и дел од нив сепријавени за реплики.
