Свет

Паника во срцето на Украина: Бомбардери полетаа од база во Русија, армијата објави драматична порака – „Ракетите се движат кон Киев!“

Масовен ракетен напад врз Киев, се слушаат експлозии

Украина рано утринава издаде воздушна тревога по информациите дека група руски бомбардери полетале од база во Русија, што предизвика страв од нови бомбардирања.

Снимено е полетувањето на неколку Тупољев Ту-95МС од аеродромот Олења, кој се наоѓа во областа Мурманск во североисточна Русија, се наведува во пораката на украинските воздухопловни сили на социјалната мрежа Телеграм.

Ракетите „се движат кон Киев“, рекоа од воздухопловните сили.

„Експлозии во градот“, Противвоздушната одбрана во акција“, рече градоначалникот на Киев Виталиј Кличко во пораката на Телеграм.

Воздухопловните сили претходно, на почетокот на февруари и во јануари, известија за полетувањето на тие стратешки бомбардери од советската ера.

Кон крајот на декември минатата година Русија ги искористи тие авиони во бранот напади врз украинските градови, вклучително и Киев. Во бомбашките напади загинаа 39 лица.

На почеток