Македонија

Мицкоски се потпиша на кандидатурата на Силјановска Давкова и рече, сигурен сум во победата

Како граѓанин денес, овде во подрачната единица на Министерството за правда во Општина Карпош дојдов да се потпишам на кандидатурата на професорката Гордана Силјановска Давкова и на тој начин практично да ја изразам мојата недвосмислена поддршка пред се како колега, како граѓанин на Република Македонија и како претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ.

Сведоци сме на секојдневно, перманентно кршење на правото и правдината и еден од условите да повторно Македонија заличи на правна држава, на демократска држава е токму победата на претстојните претседателски избори кои што ќе се случат, првиот круг на 21 април, вториот круг на 5 мај.

Јас сум силно убеден дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со професорката Гордана Силјановска Давкова, но и со граѓаните на Република Македонија ќе извојува убедлива победа над она кое што ќе го кандитира деспотот Заев заедно со СДСМ и групата која што е собрана околу него и практично од тој ден започнува враќањето на правото и правдината во Република Македонија.

Гледате имаме една актуелна политичка ситуација каде што правната држава во Македонија функционира по принципот „дајте ми човек, ќе креирам обвинение“, тоа се случува изминатите неколку дена. Граѓаните на Република Македонија, ние како политичка партија комплетно ја имаме загубено довербата во правната држава, ја имаме загубено довербата во обвинителството, ја имаме загубено довербата во судството. И доколку еве апелирам од овдека владејачкото мнозинство навистина верува во честитоста на обвинителството и навистина верува во независноста на судството редно е да го исполни барем едно од ветувањата во нивната изборна програма за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а тоа е Јавен обвинител на предлог на опозицијата.

Ја користам оваа прилика да го повикам Зоран Заев и Владата на Република Македонија да се охрабрат, да се осмелат и да потврдат навистина дека тоа што го говорат дека немаат замешателство во одлуките на обвинителството и во одлуките на судството да го потврдат со тоа што ќе го поддржат предлогот на опозицијата за Јавен обвинител. На тој начин ќе покажат уште еднаш дека веруваат во чесни, фер и правични претседателски избори кои што следуваат како што рековме на 21 април и на 5 мај.

А јас ја користам оваа прилика овдека од Карпош да ги повикам граѓаните масовно да се придружат и да го поддржат кандидатот Гордана Силјановска Давкова да ги повикам на 21 април масовно да излезат и да гласаат за кандидатот, Гордана Силјановска Давкова и на тој начин да отпочнеме да пишуваме заеднички, една нова истотија за Република Македонија и за граќаните во Република Македонија.

Ајде сите заедно да ја вратиме Република Македонија онаму каде што и е местото, да владее правото, повторно да ја поставиме правната држава, повторно да ги вратиме успесите на планот на економијата. А не, пљачката и криминалот кои што се за жал денеска секојдневие во Република Македонија. Да го исчистиме деспотизмот и да си ја вратиме Република Македонија на граѓаните.

Првиот чекор, граѓани на Република Македонија, имате шанса и можност да го направите токму на 21 април. Од тогаш почнува падот на деспотот и на онаа мала група која што се уште го поддржува. Време е да заминат на темната страна на историјата, истакна Мицкоски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток