Шеесет и осумгодишна кумановка добила тешки повреди кога во текот на вечерните часови на вчерашниот ден во неа удрил велосипед управуван од 18-годишник од село Биљановце.
Како што информираат од МВР, инцидентот се случил на кумановската улица Народна револуција, а повредената жена била пренесена на Ургентниот центар во Куманово.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.
